Соопштенија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денес оствари средба со амбасадорот на Романија во Република Македонија, Виорел Станила.

 

ND20180227OA 3933

На средбата беа разменети мислења за натамошно унапредување на билатералните односи, преку зајакнување на меѓусебната соработка во различни сфери од взаемен интерес. Меѓудржавната соработка беше оценета како позитивна, со простор за нејзино динамизирање и диверзификација.

Соговорниците беа согласни дека Романија има природен интерес и разбирање на политичките динамики во нашиот регион, и дека оттука, се разбирливи очекувањата дека интеграцијата на државите од Западен Балкан ќе биде високо на листата на приоритети за време на романското претседателство со Советот на ЕУ во првата половина на 2019 година. Во тој контекст, министерот Димитров се заблагодари за досегашната поддршка и изрази очекување дека истата ќе добие нов квалитет за време на романското Претседателство.

ND20180227OA 3940

Министерот информираше за активностите поврзани со домашната реформска агенда како уште еден силен аргумент за видлива и веродостојна европска и евро-атлантска перспектива.

Конзуларни услуги