Соопштенија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денес оствари средба со европратениците Виктор Боштинару, Тања Фајон и Тонино Пицула од пратеничката група на социјал – демократите во Европскиот парламент, кои престојуваат во работна посета на нашата земја.

 

20180202 MNR 2654

На средбата се разговараше за евро-интегративниот процес на Република Македонија и имплементацијата на клучните реформи, а беа разгледани и претстојните поважни активности од европската агенда, како и други актуелни прашања.

20180202 MNR 2665

Димитров ја потенцираше подготвеноста на Владата за целосен ангажман во имплементација на клучните реформи со цел во најкус рок да се отвори патот за обновување на препораката за почеток на пристапните преговори, како чекор за донесување на одлука за почеток на пристапните преговори. При тоа изрази благодарност за поддршката и конструктивниот пристап на Европскиот парламент во процесот на пристапување на Република Македонија во Европската Унија.

20180202 MNR 2677

Европратениците ја реафирмира поддршката од групата на социјал-демократите во европскиот Парламент за унапредување и деблокирање на евроинтегративниот процес на Македонија со отпочнување на пристапните преговори. Се согласија дека Република Македонија заслужува да добие шанса за приклучување кон европското семејство.

20180202 MNR 2680

Беше искажана заедничка подготвеност за динамична соработка во насока на остварување на овие цели.

Конзуларни услуги