Соопштенија

Државниот секретар во МНР, Виктор Димовски, на 1 февруари 2018 година учествуваше на меѓународната конференција за контрола на мало и лесно оружје во Југоисточна Европа. Конференцијата, во организација на ЕУ, СР Германија, Центарот за контрола на мало и лесно оружје во ЈИЕ и Советот за регионална соработка, се одржа во Подгорица.

 

Dimovski JIE

Во неговото обраќање, Димовски информираше за активностите на Република Македонија на планот на евиденцијата, контролата, уништувањето и спречувањето на нелегалната трговија со мало и лесно оружје. Воедно,  Државниот секретар ги информираше присутните за тековните и идни активности за хармонизација на националното законодавство од оваа област со Европската унија,  а во функција на зголемена компатибилност на процедурите во регионални рамки.

Реафирмирајќи ја подготвеноста на нашата земја за натамошно активно вклучување во напорите на меѓународната заедница во оваа област, Димовски го поздрави вклучувањето на ова прашање во рамките на Берлинскиот Процес и најави активно учество во подготовката на Патоказот како дел од агендата на претстојниот Лондонски самит.

Конзуларни услуги