Соопштенија

Денес, 11 јануари 2018 во Солун, министрите за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас одржаа средба.

 

Средбата се одржа во рамки на воспоставениот дијалог и консултации меѓу двете земји, насочени кон зајакнување на транспарентноста и меѓусебната доверба. На средбата Министрите имаа добар разговор фокусиран на унапредувањето на билатералните односи и соработката во поширок контекст, поврзано со тековните Мерки за градење доверба.

Министрите изразија заедничко очекување дека на претстојниот состанок на 17 јануари 2018 г., личниот претставник на Генералниот секретар на ООН г. Нимиц, ќе стави на маса инцијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликата околу името. МНР Димитров и МНР Коѕијас разговараа за методологијата, за пристапот на двете страни, како и за рамката на процесот за надминување на разликата околу името, и се сложија да имаат подиректна улога во разговорите со цел надминување на разликата околу името.

Исто така тие разменија мислења поврзани со Мерките за градење доверба и други подготовки околу следните средби на високо политичко ниво меѓу двете земји.

Конзуларни услуги