Соопштенија

Денеска, во официјална посета на Република Македонија престојуваше  министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто.

 

20171218 MNR 1141

За време на разговорите главна тема беше европската и евро-атлантската интеграција на Македонија. Министерот Димитров информираше за проактивните дипломатски напори на Владата на Република Македонија за реализирање на надворешно-политичките приоритети, пред сė добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ и членство во НАТО, како и унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка. Во таа насока, тој кажа: „Решени сме да ја искористиме шансата, да станеме дел од ЕУ и НАТО. Ние припаѓаме во тие заедници. Затоа одлучно чекориме кон нив.”

20171218 MNR 1157

Министерот Сијарто ја поздрави силната посветеност на Владата на Македонија за спроведување на реформите неопходни за забрзување на европската и евро-атлантската интеграција на земјата. Тој воедно го реафирмира ставот дека Унгарија останува силен поддржувач на Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО.

20171218 MNR 1158

Воедно, беа разгледани можностите за унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на заемниот интерес за интензивирање на економската соработката. Подготвеноста на двете страни за јакнење на меѓусебната соработка, беше реафирмирана и со потпишувањето на Акциски план за соработка за 2018 година. Акцискиот план потпишан помеѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија, предвидува конкретни активности за натамошно продлабочување на соработката меѓу Министерствата на двете земји. За време на разговорите, Димитров и Сијарто разменија мислења за состојбите поврзани со миграцијата како и за други поважни регионални и меѓународни прашања.

20171218 MNR 1185

20171218 MNR 1204

20171218 MNR 1217

20171218 MNR 1231

Во рамките на официјалната посета, министерот Сијарто ќе оствари средби и со замениците на претседателот на Владата на Република Македонија, Бујар Османи и Кочо Анѓушев,  а ќе биде примен и од претседателот д-р Ѓорге Иванов, од претседателот на Собранието Талат Џафери и од претседателот на Владата Зоран Заев.

 

Галерија со фотографии: http://flic.kr/s/aHsmaUzw4w

Конзуларни услуги