Соопштенија

Денес, 11 декември 2017 год., во седиштето на НАТО во Брисел се одржа редовниот состанок на Република Македонија со Комитетот на заменици постојани претставници на мисии на земјите членки на НАТО (ДПРЦ). Делегацијата на Република Македонија предводена од Државниот секретар на Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, Државниот секретар на Министерството за одбрана, Драган Николиќ и новоименуваниот Национален координатор за НАТО, Стево Пендаровски ја презентираа  Годишната национална програма за Членство во НАТО на Република Македонија 2017-2018 година, со што започна 18от циклус на Акциониот план за членство.

IMG Nato

Во своето излагање, Државниот секретар Димовски ги реафирмираше националната поддршка и политичкиот консензус за членство во НАТО како врвен приоритет на надворешната политика на Република Македонија. Тој истакна дека реформите на внатрешен план,  активностите во делот на надворешната политика и интензивираните односи со НАТО,  се дел од агендата на Владата на Република Македонија и планот 3-6-9, кои ќе овозможат Република Македонија да се интегрира во Алијансата како нејзина 30-та полноправна членка.

Државниот секретар Николиќ истакна дека Република Македонија уште поинтензивно ќе продолжи да ги користи сите можности за активна и сеопфатна соработка на полето на одбраната со своите соседи, земјите од регионот и земјите партнери, во остварување на националните интереси. При тоа нагласи дека Република Македонија ќе продолжи да придонесува во одржувањето на безбедноста и мирот во светот и регионот, преку активното учество во операции за поддршка на мирот и го најави зголемувањето на нашето учество во мисијата Решителна поддршка во Авганистан.

Национален координатор за НАТО, Стево Пендаровски, ги потврди заложбите на Република Македонија за што поскоро членство и изрази уверување дека ке Македонија ке продолжи со реформските процеси со несмален интензитет.

На Состанокот со кој претседаваше Зам.Помошник  Генерален секретар Џејмс Апартурај, преставниците на земјите членки ја оценија Годишната Национална Програма на  Република Македонија за членство во НАТО 2017-2018 како концизен и сеопфатен документ кој многу јасно ги прикажува реформските планови на Новата Влада и преставува силен показател дека Македонија повторно е на правиот пат за забрзана Интеграција во НАТО.  Беше изразена силна и широка поддршка за Програмата и отпочнатите реформски процеси и напорите на Владата за нивна забрзана реализација.

Пред состанокот македонската делегација оствари куса билатерална средба и со Заменик-помошникот на Генералниот секретар на НАТО, г-дин Џејмс Апатурај.

 

 

Конзуларни услуги