Соопштенија

Денес во просториите на Министерството за надворешни работи на Република Македонија во координација со Фондот за Западен Балкан, се одржа Инфо сесија по повод првиот повик за поднесување на регионални предлог проекти.

 

20171206 Fond za ZB 0380

Фондот е прва, инклузивна и автохтона регионална иницијатива со посебен идентитет кој произлегува од неговата основна мисија, промоција на регионалната соработка и кохезија, интеграција во ЕУ и севкупен развој на регионот.

Во своето поздравно обраќање, државниот секретар Виктор Димовски подвлече дека паралелно со ангажманот на реализација на највисоките приоритети во надворешната политика на државата, како што се полноправно членство во НАТО и добивањето покана за започнување преговори за членство во Европската Унија, со организацијата на овој настан Министерството за надворешни работи, во рамките на својата координативна функција се вклучува и во промоција на иницијативите и проектите насочени кон унапредување и збогатување на општествените и регионалните процеси базирани на европските вредности.

20171206 Fond za ZB 0354

Пригодно обраќање на настанот имаше и Ѓерѓ Мура, Извршен Директор на Фондот за Западен Балкан.

20171206 Fond za ZB 0399

Конзуларни услуги