Македонија во светот

На 28-ми ноември 2017 година беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и Sophia University со седиште во Токио, Јапонија.

 

IMG 1883

Меморандумот за соработка беше потпишан од  ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” проф. др. Никола Јанкуловски, од првиот резидентен амбасадор на Република Македонија во Јапонија Н. Е. др. Андријана Цветковиќ, како и од проф. др. Јошиаки Терумичи, претседателот на Sophia University.

IMG 2157 1

По повод потпишувањето на Меморандумот за соработка се одржа свечена церемонија во просториите на Sophia University во Токио, на која пригодно обраќање имаше амбасадорот др. Андријана Цветковиќ и претседателот проф. Јошиаки Терумичи. Амбасадорот Цветковиќ изрази задоволството од потпишувањето на Меморандумот за соработка, истакнувајќи дека истиот ќе придонесе за зајакнување на образовната соработка преку академска размена и институционално поврзување. Го пренесе интересот и подготвеноста на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” за соработка во сите научни области и форми на размена во академската понуда на двата универзитети, особено во областите во кои наставата се изведува на англиски јазик.

Потпишувањето на Меморандумот за соработка е уште еден чекор напред во зајакнување на билатералните врски меѓу Република Македонија и Јапонија во делот на образованието и академската соработка. Амбасадата на Република Македонија и во иднина ќе работи посветено на иницирање соработка со голем број универзитети во Јапонија, со цел унапредување на односите и соработката меѓу двете земји.

 

 

 

Конзуларни услуги