Соопштенија

Во рамките на посетата на САД, министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше и на конференцијата на Атлантскиот совет на САД, насловена како „Следната бура? Обликување на балканската иднина во ера на неизвесност“ каде беше повикан да се обрати пред бројната публика составена од експерти и претставници на дипломатскиот кор во Вашингтон.  На панелот со  тема „Голем ризик, голема награда: Справување со долготрајните политички предизвици на Балканот“ на кој учествуваа и Хојт Брајан Ји, Енвер Хоџа и Астрит Истрефи, а го модерираше Јануш Бугајски, МНР Димитров говореше за актуелните состојби во Република Македонија, со посебен акцент на надминувањето на разликите околу името со Грција.

Atlantic Council

 

 ИЗВОР (АТЛАНТСКИ СОВЕТ)

Шефот на македонската дипломатија оствари средба и со експертите за регионот: Даниел Сервер, Едвард Џозеф и Мајк Халцел, како и со Дејмон Вилсон од Атлантскиот совет на САД, со кои разменија мислења за актуелностите и перспективите на Регионот.

IMG 1273

МНР Димитров со Едвард Џозеф, Даниел Сервер и Мајк Халцел

Во текот на последниот ден од работната посета на Вашингтон, предвидени се средби со:  советникот за национална безбедност на претседателот Трамп, Х.Р. МекМастер, претставници на Конгресот на САД, како и со поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт.

Конзуларни услуги