Македонија во светот

Во рамките на постојаната соработка меѓу Институтот за гео-стратешки истражувања и надворешна политика (ИГИНП) при МНР на РМ, директорот на ИГИНП, амбасадор Абдулакадар Мемеди имаше средба со шефот на Канцеларијата за одбранбена соработка на EUCOM, во Амбасадата на Соединетите Американски држави во Скопје,  LTC Kristopher S.Mitchell (Cheif of EUCOM’s Office of Defense Cooperation at the U.S. Embassy in Skopje).

IMG 20171117 WA0005

За време на средбата, двајцата соговорници изразија задоволство од досегашната соработка меѓу ИГИНП на МНР, амбасадата на САД и Центарот за стратешки студии- "George C. Marshall".

Од американската страна беше поздравена успешната соработка за настанот одржан на 30-ти август 2017 г., под мотото „Македонија во НАТО“.

Исто така беа разгледани и проектите за соработка меѓу двете страни во периодот 2018-2019 г., каде ќе се вклучат теми од различен интерес.

Заблагодарувајќи се за досегашната соработка, Амбасадорот Мемеди на шефот на EUCOM’s Office of Defense Cooperation, му додели плакета на ИГИНП при МНР на РМ.

Конзуларни услуги