Соопштенија

Денеска министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров имаше поздравно обраќање на отварањето на годишната регионална Конференција со работен наслов ”Градење капацитети и регионална соработка во процесот на европска интеграција на земјите од З. Балкан” во организација на конзорциум од невладини организации предводени од Европското движење – Црна Гора и Евротинк – Македонија. 

IMG 1233

“Мобилизацијата на граѓанскиот сектор во Република Македонија”, истакна министерот Димитров, беше од големо значење за процесите кои доведоа до етаблирањето на новата реформска Влада на Република Македонија.  Во таа насока, тој посочи дека Владата има обврска кон своите граѓани да испорача конкретни резултати кои ќе овозможат видлива европска перспектива.

IMG 1273

 

 

На отворањето на Конференцијата, воведно излагање имаше претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев. Покрај министерот Димитров, поздравно обраќање имаа амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, амбасадорот на Унгарија Лазло Иштван и директорот на Еуротинк, Љупчо Петковски.

IMG 1256

На настанот присуствуваа претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија и преставници на невладиниот сектор, експертската и научната јавност. Конференцијата ќе трае од 9 – 11 ноември, а ќе се одржува во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

IMG 1225

 

Конзуларни услуги