Соопштенија

“Споделуваме визија за стабилни и просперитетни општества; за стабилен, интегриран и просперитетен регион” – министерот Димитров по средбата со министерот Дармановиќ

Денеска во официјална посета на Република Македонија престојува министерот за надворешни работи на Црна Гора Срѓан Дармановиќ.

Dimitrov Darmanovic 01

На средбата со својот домаќин министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров, беа разменети мислења за натамошно унапредување на билатералните односи во сферите од взаемен интерес, како и за продлабочување и натамошна диверзификација на секторската соработка. Во фокусот на дискусиите беше и соработката на планот на ЕУ и НАТО интеграцијата, потребата од инфраструктурно поврзување, а се зборуваше и за регионалната соработка и заедничката европска иднина.

Со Министерот Дармановиќ се согласивме дека одличните билатерални односи не познаваат граници. Двете земји споделуваат исти вредности и имаат иста визија за себе и регионот. Стабилни и просперитетни општества за стабилен, интегриран и просперитетен регион.” - изјави министерот Димитров по билатералната средба.

Dimitrov Darmanovic 02

Во тој контекст беше реафирмирана заедничката европска и евро-атлантска определба на двете земји и беше нагласен интересот за интензивирање на политичко безбедносната соработка во НАТО контекст и  пренесување на искуствата на Црна Гора на овој план. Министерот Дармановиќ, во оваа прилика ја реафимираше поддршката на Црна Гора на нашите евро-атлантски интеграции. Во пресрет на преземањето на претседавањето со Јадранската повелба од страна на Црна Гора, беше разговарано и за искуствата од нашето претседавање.

Dimitrov Darmanovic 03

На средбата се разговараше и за потребата од интензивирање на економската соработка со цел зближување на бизнис заедниците од двете земји и олеснување на нивната натамошна соработка. За да се искористи постоечкиот потенцијал, беше нотирана потребата од зголемен ангажман во оваа сфера особено во правец на унапредување на транспортната и регионалната интер-конективност. Во тој контекст, соговорниците се заложија за повторно воспоставување редовна, директна авио-линија меѓу Република Македонија и Црна Гора, што би функционирала на релација Скопје – Подгорица – Сараево.

Dimitrov Darmanovic 04

 

Прес Конференција помеѓу МНР на Република Македонија Димитров и МНР на Црна Гора Дармановиќ

 

Конзуларни услуги