Соопштенија

Државниот Секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија Виктор Димовски денес прими делегација од градот Измир, Република Турција, предводена од градоначалникот Муамер Гезинџи.

 

IMG 0685 2

На средбата беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете земји. Соговорниците изразија задоволство од позитивниот тренд на односите и соработката во сите области од заемен интерес потврдувајќи го интересот за нивно натамошно унапредување.

Градоначалникот Гезинџи побара да се разгледа можноста за отварање на Генерален Конзулат на Република Македонија во овој дел на Турција имајќи ја предвид концентрацијата на граѓаните со потекло од нашата земја во Измир и неговото окружување.

Државниот секретар Димовски изрази уверување дека пријателските односи меѓу двете земји ќе го одржат позитивниот тренд и во претстојниот период и дека ќе се збогатат со нови содржини од заемен интерес.

Конзуларни услуги