Соопштенија

Од 7 до 9 ноември 2017 година,  Скопје е домаќин на  Регионалната конференција „Странски терористички борци: промовирање превенција и отпорност“.

 

IMG 0633 2

Конференцијата која се одржува во организација на Мисијата на ОБСЕ, Амбасадата на САД, Конзорциумот Партнерство за мир и Владата на Република Македонија, има за цел да ги истражи политичките прашања кои се однесуваат на постоечки ризици од странски терористички борци и повратници, активностите на земјите од регионот поврзани со безбедноста и борбата против тероризмот и насилниот екстремизам и соодветни одговори за справување со нив.

На Конференцијата освен претставници од државниот врв на Република Македонија учествуваат и официјални лица од странство, претставници од меѓународни организации, академски институции, невладиниот сектор и независни експерти.

IMG 0570 2

Во рамките на програмата, државниот секретар Димовски обраќајќи се на официјалниот прием по повод започнувањето на Конференцијата, истакна дека во борбата против тероризмот и спречувањето на насилниот екстремизам мора да вклучи широк спектар на мерки и перспективи со кои се зајакнува безбедноста, но во исто време од суштинско значење е справување со причините за тероризмот и обезбедување на почитување на основните човековите права и владеење на правото.

IMG 0624 2

Државниот секретар Димовски подвлече дека “Единствено преку зајакнување на општествената инклузивност, политичкото учество и почитувањето на човековите права, можеме успешно да го спречиме насилниот екстремизам и борбата против тероризмот”.

Конзуларни услуги