Соопштенија

Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денеска оствари средба со претседателот на Европската иницијатива за стабилност Гералд Кнаус и неговиот заменик Кристоф Бендер.

 

Sredba so prestavnici na European Stability Initiative 01

На средбата беа разгледани модалитетите и можните сфери на соработка поврзани со процесот на европска интеграција на Република Македонија.  Соговорниците беа согласни дека транспарентноста на владините реформи може да придонесе кон поголема видливост на нивниот исход. Тоа не само што влијае врз кредибилноста на реформскиот процес, туку ќе има позитивно влијание и врз перцепциите и имиџот на Република Македонија во Брисел и кај земјите-членки.

Конзуларни услуги