Македонија во светот

На 26 октомври 2017 година во канадскиот парламент беше одржана инаугуративна седница на новоформираната Парламентарна група за пријателство со Република Македонија.

 

Kanada 01

За претседател на групата за пријателство е избран Брајан Меј, пратеник од Либералната партија, кој воедно е и претседател на постојниот Комитет за човечки ресурси и социјален рaзвој во Парламентот на Канада. За потпретседатели беа избрани пратениците Харолд Албрехт од Конзервативната партија, како и Гаган Сиканд од Либералната партија на Канада. Групата засега брои десет членови,  со можност за нејзино натамошно проширување во иднина.

Во своето обраќање, пратеникот Меј ги нагласи добрите билатерални односи помеѓу Република Македонија и Канада, истакнувајќи дека новоформираната група за пријателство ќе продолжи да се ангажира во правец на севкупно унапредување на соработката меѓу двете земји.

Kanada 02

Kanada 03

Конзуларни услуги