Македонија во светот

Република Македонија успешно се претстави на 82-от Меѓународен трговски саем што се одржуваше од 9 до 17 септември во Солун.

 

saem 2017

На саемот учествуваа над 1500 изложувачи од 18 држави со што оваа манифестација се вброи во редот на најголемите во изминатата деценија.

Македонското учество беше поддржано од повеќе извозно ориентирани компании кои ја искористија можноста да промовираат здрава храна, растителни намази и изолациони материјали под мотото ,,Секогаш природно“. Разновидната палета на производи го побуди интересот на посетителите, додека штандот беше посетен и од Зорица Апостолска, министер за привлекување странски инвестиции, која истовремено реализираше работна посета на Грција.

Конзуларни услуги