Соопштенија

Република Македонија дава полна поддршка на Владата на Кралството Шпанија за зачувување на својот територијален интегритет и суверенитет, преку почитување на Уставот и законите како темелни принципи на правната држава.

 

За Република Македонија едностраното прогласување на независност на Каталонија од страна на регионалниот Парламент е суштинска повреда на владеењето на правото и на Уставот на Шпанија.

Воедно, изразува уверување дека Владата на Кралството Шпанија ќе успее на демократски начин да го обезбеди уставниот поредок преку кој ќе се гарантираат слободите и правата на сите граѓани.

Конзуларни услуги