Соопштенија

Државниот секретар во МНР Виктор Димовски на 11 октомври 2017 година учествуваше на Состанокот на националните координатори на Процесот за соработка на Кина и земјите од Централна и источна Европа во Будимпешта.

 

Image

Во своето обраќање тој информираше за надворешно политичките приоритети на новата влада на Република Македонија, активностите на полето на регионалната соработка и во тој контекст за активностите во рамки на Процесот 16+1, во пресрет на подготовките на Шестиот самит на шефови на Влади во овој формат што ќе се одржи на 27 ноември во Будимпешта.

Посебен акцент стави на активностите за воспоставување на Регионалниот центар за културна соработка во рамки на Процесот 16+1 во Скопје кој ќе започне со работа на 1 јануари 2018 година, а се осврна кусо и на приоритетните области во соработката со Кина.

Конзуларни услуги