Соопштенија

Денеска, Министерот за надворешни работи Никола Димитров во Будимпешта учествуваше на министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан.

 

Family Photo

На годинешниот состанок, во рамките на Унгарското претседателство со Вишеградската група, централна тема на дискусија беше евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан – забрзување на процесот на проширување, а се разговараше и за  безбедносните предизвици во Западен Балкан.

Plenarna sesija 01

Претставниците на Вишеградската група ја реафирмираа посветеноста за натамошна поддршка на евроатлантската интеграција на Западен Балкан. Констатирана е потребата од зајакнување на интензитетот во спроведување на неопходните реформски процеси во насока на приближување на земјите од Западен Балкан до Европската Унија.

Plenarna sesija 02

„Нашиот пат кон ЕУ почнува дома, а до финалната дестинација  - Брисел ќе стигнеме преку нашиот регион и преку соседниот, регионот на централна Европа. Со нашата реформска ориентација, позитивната политичка агенда и поддршката од  нашите пријатели во Европа, вклучително и од осумте држави членки присутни денеска, во 2018 година можеме и мораме да направиме разлика и суштински исчекор."

Pres konferencija

На маргините на состанокот, министерот Димитров имаше одвоени средби со повеќе колеги – учесници на состанокот В4 – Западен Балкан.

На средбата со МНР на Унгарија Петер Сијарто беше подвлечена важната улога на Република Македонија во справувањето со мигрантската криза и придонесот кон стабилноста на регионот. Унгарија ќе продолжи да дава поддршка на европската и евро-атлантската агенда на Република Македонија и да инсистира добивање датум за отпочнување пристапни преговори. Беше нотиран видлив раст во обемот на трговската размена. Кредитнита линија на унгарската Ексим банка е зголемена на 300 милиони евра што им стојат на располагање на двете држави, зајакната е комуникацијата меѓу двете држави со зголемување на фрекфенцијата на летови на унгарскиот авио-превозник Wizzair, а на студентите од Република Македонија им се ставаат на располагање стипендии за студирање на унгарските универзитети.

Dimitrov Sijarto 01

Dimitrov Sijarto 02

На средбата со ЗМНР на Чешката Република беше реафирмирана нивната принципиелна поддршка на нашите аспирации за зачленување во ЕУ и НАТО.

Dimitrov ZMNR Ceska Jakub Durr

Конзуларни услуги