Соопштенија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров во денешното обраќање пред Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент (AFET) зборуваше за новото лице на Македонија, како држава на можности, а не на кризи.


20171010 EP 059557A JVV 162

МНР Димитров пред членовите на Комисијата даде детален осврт за текот на имплементација на клучните реформи во земјата, како и нашата посветеност на градење мостови на добрососедство, регионална и меѓународна соработка, со цел овозможување видлива и достижна европска перспектива: „Градењето модерна европска демократија е, пред сè, во интерес на нашите граѓани, во интерес  на земјите од регионот и од интерес на ЕУ. Стабилна, економски просперитетна и успешна Република Македонија подразбира стабилен и просперитетен регион."

20171010 EP 059557A JVV 076

Министерот појасни и дека сите треба да учиме лекции од минатото во поглед на статус кво-то на планот на европските интеграции.  На европарламентарците им порача „Предолго време искусуваме ветер во лице, дадете ни ветер во грб, а ние ќе возвратиме со мирни води и плодна жетва“. Вратеното внимание на нашиот регион во "храмот" на европската демократија - Европскиот Парламент,  МНР Димитров го поздрави како охрабрувачки сигнал.  Додаде дека сега е вистинското време да се препознае моментумот и ургентноста за енергичен и позитивен ангажман кон повеќе, а не помалку ЕУ интеграција со цел да ни случат добри работи, нам, на нашиот регион и на нашата Европа.

МНР Димитров оствари серија средби со повеќе евро-пратеници и притоа побара поддршка Република Македонија конечно да направи суштински исчекор во процесот на европските интеграции во текот на 2018 година.

 

20171010 EP 059557A JVV 010

Димитров - Мекалистер

Dimitrov Kukan

Димитров - Кукан

Dimitrov Vajgl

Димитров - Вајгл

Dimitrov van Baalen

Димитров - Ван Бален

Dimitrov Sholtes

Димитров - Шолтес

Dimitrov Gahler

Димитров - Гахлер

Dimitrov Hokmark

Димитров - Хокмарк

Dimitrov Fleckenstein

Димитров - Флекенштајн

Конзуларни услуги