Соопштенија

Денеска, министерот за надворешни работи на Кралството Шведска, Маргот Валстром и министерот за надворешни работи на Република Финска, Тимо Соини претстојуваа во заедничка официјална возвратна посета на Република Македонија.


Oficijalna poseta na MNR na Svedska i Finska 03

Министерот Димитров се заблагодари за честа укажана од двете пријателски земји токму Република Македонија да биде земјата во која за прв пат двајцата министри заеднички престојуваат во билатерална посета на трета земја. “Оваа посета е силно охрабрување не само за МНР и Владата, туку и за граѓаните на Македонија. Нашиот единствен пат е патот кон ЕУ, а на тој пат помошта и поддршката од вистинските пријатели се неопходни". На средбата МНР Димитров ги информираше министрите Валстром и Соини за активностите на Владата во поглед на имплементацијата  на Планот 3-6-9 и спроведувањето на реформите за враќање на европската перспектива на земјата.

Oficijalna poseta na MNR na Svedska i Finska 04

Во овој контекст, МНР Димитров укажа и за новиот позитивен пристап во односите со соседите, потенцирајќи дека нордискиот модел претставува извор на инспирација за тоа како треба да се работи за доброто на граѓаните за просперитетот и заедничката иднина на  регионот.

Министерката Валстром и Минисерот Соини ѝ дадоа јасна поддршка на Владата во поглед на спроведување на реформската агенда и цврсто уверување дека Шведска и Финска остануваат верни поддржувачи  на Република Македонија за реализција на нејзините стратешки надворешно-политички цели.

Oficijalna poseta na MNR na Svedska i Finska 06

"Може да сметате на нас во поддршката за остварување на вашите европски и евро-атлантски цели. Се додека се исполнуваат критериумите, ние сме ваши пријатели" - рече МНР на Финска, Тимо Соини.

На тоа МНР на Кралството Шведска, Маргот Валстром се надоврза потврдувајќи ја нивната намера да и' помогнат на Македонија: "Дојдовме со мојот фински колега како блиски пријатели овде, во Македонија. Задоволни сме не само од сонцето со кое не пречекавте, туку пред се' со енергијата и одлучноста да обезбедите подобро општество за сите граѓани. Шведска ќе инсистира проширувањето да остане високо на агендата на Европската унија".

Министрите разговараа за можностите за поконкретно унапредување на билатералната соработка и тоа со Финска во областа на образованието како земја лидер и можности за враќање на развојната билатерална помош во повеќе приоритетни области со Кралството Шведска.

Oficijalna poseta na MNR na Svedska i Finska 11

 

Конзуларни услуги