Соопштенија

Во присуство на дипломатскиот кор и државниот врв свечено е отворен почесниот конзулат на Кралството Мароко во Република Македонија.


maroko

Република Македонија и Кралството Мароко воспоставија дипломатски односи на 18-ти септември 2002 година. Функцијата на почесен конзул ја извршува Илија Малинковски, назначен на оваа позиција на 11-ти мај 2016 година и истакнат член на заедницатакојшто со својата работа придонесува за културно и економско зближување на двете земји. Свеченото отворање на конзулатот е продолжување на пријателските односи меѓу двете земји кои се карактеризираат со взаемна почит и разбирање кон стратешките цели и националните приоритети.

Двете земји во досегашната комуникација развија нагорна динамика на средби и посети на високо дипломатско и политичко ниво, а паралелно се градеа и пријателските релации.

Kако дополнување на одличните односи меѓу Македонија и Мароко и динамичната соработка со Амбасадата на Мароко во Софија, јас сум сигурна дека активностите на Почесниот конзулат ќе отворат нови можности за зајакнување на соработката во многу области од заеднички интерес за нашите земји, особено во областите на економијата, трговијата и инвестициите, како и дека Почесниот конзулат ќе биде мост за засилена културна соработка.И двете наши земји имаат голем потенцијал во овој поглед и не се сомневам дека Почесниот конзул ќе може да даде дополнителен импулс и успешно да придонесе за натамошно збогатување на нашите односи и соработка, изјави Н.Е. г-ѓаАрта Точи, Заменик министер за надворешни работи на Република Македонија.

Otvoranje na Pocesniot konzulat na Kralstvoto Maroko vo Republika Makedonija 3 800x534

На чинот на свеченото отворање свое обраќање имаше иАмбасадорката на Кралството Мароко, Нејзината Екселенција г-ѓа Закиа Ел Мидаоуи, која изјави:

Почесниот конзулат, кој е претставување на Кралството Мароко во Република Македонија, ќе послужи како катализатор за трговија и инвестиции меѓу нашите две пријателски земји. Неговата главна улога ќе биде, меѓу другото, промовирање на мароканската култура, нејзината економија и интензивирање на билатералната соработка. Оваа официјална инаугурација на Почесниот конзулат на Кралството Мароко во Република Македонија го одразува фактот дека двете земји придаваат фундаментална вредност за зајакнување на нивните билатерални односи во многу области и сектори од заеднички интерес.

Почесниот конзулат значително придонесува за продлабочување на соработката, како и за интензивирање на економските, трговските и културните размени меѓу Република Македонија и Кралството Мароко. Сето тоа ќе помогне и ќе го стимулира просперитетот и развојот на двете земји на повеќе нивоа.

Изјава,г-дин Илија Малинковски, Почесен конзул на Кралството Мароко во Република Македонија

Свеченото отворање помина во духот на запознавање со културните наследства на двете земји низ богата и традиционална гастрономија и етнички обележја, кои взаемно придонесуваат за и понатамошното развивање на пријателството и меѓусебното разбирање.

Otvoranje na Pocesniot konzulat na Kralstvoto Maroko vo Republika Makedonija 4 701x468

Конзуларни услуги