Соопштенија

На 4 октомври 2017 година, во Белград се одржаа политички консултации, на министерствата за надворешни работи предводени од Државниот секретар  во министерството за надворешни работи  на Република Македонија Виктор Димовски и државниот секретар  во  министерството за надворешни работи  на Република Србија, Немања Стевановиќ.

IMG 8c020e7e84de03f26d11becc812528c8 V

На консултациите, кои поминаа во отворена и пријателска атмосфера беа разгледани поголем број прашања од заемен интерес со посебен акцент на развивањето на добрососедските односи, регионалната соработка, како и соработката во евроинтеграциските процеси.

Заеднички беше констатирана потребата од унапредување на меѓу ресорската соработка во сите останати области  од заемен интерес како во земјоделието, инфраструктурата, инвестициите и заеднички настапи на трети пазари.

Во оваа прилика беше разгледана и договорната рамка меѓу двете земји и можноста за усогласување на неколку билатерални договори кои  би се потпишале за време на  претстојните посети на министерско и  премиерско ниво.

Конзуларни услуги