Соопштенија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, на покана на својот грчки колега, министерот Коѕијас, учествуваше на  регионалната министерска средба, што на 4 и 5 октомври, 2017 година, се одржа во Солун, Грција.

Family Photo

На средбата, на која покрај министрите за надворешни работи, учествуваа и министрите за внатрешни работи и министрите за економија на Република Македонија, Република Албанија, Република Бугарија и домаќинот Грција, се дискутираше за повеќе теми и прашања од заемен интерес, како и за модалитетите за унапредување на регионалната соработка во различни сектори во светло на европската интеграција.

Министерот Димитров зборувајќи за важноста на ваквата субрегионална соработка ја подвлече потребата од координирано делување на земјите при справување со безбедносните и други предизвици, во правец на обезбедување нивна долгорочна стабилност и безбедност и одржлив развој.

“Во основа јас ова го доживувам како создавање на една регионална соработка бидејќи сите ние еден ден ќе бидеме европски сојузници. Како што има регионални групирања во рамките на Унијата, помеѓу земјите од Вишеград, Балтикот, и Бенелукс, логично е дека и ние ќе имаме многу блиски интереси во контекст на нашиот регион.  Во рамките на идната Европска Унија, и овој процес ќе го искористиме за да учиме како да бидеме сојузници” – заклучи министерот Димитров.

2017 10 05 PHOTO 00000406

На состанокот се дискутираше за неопходноста за изнаоѓање регионален одговор на актуелните глобални безбедносни предизвици, како и на темите поврзани со регионална економската соработка и енергетската поврзаност.

На маргините на Состанокот, министерот Димитров оствари и две билатерални средби со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас и со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева. По средбата со министерот Коѕијас, министерот Димитров изјави дека се разговарало за тоа што може да се направи за создавање на позитивна визија за иднината на регионот.  Во тој правец, се разговарало за поттикнување на поблиска соработка помеѓу организациите на цивилните општества и академските институции, организирање на бизнис форум, како и за зголемување на соработката на ниво на министерства за внатрешни работи.

Sredba Dimitrov Kocias

Во рамките на престојот во Солун, министерот Димитров оствари средба и со градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис. Подвлекувајќи дека градовите добиваат сe’ поголемо значење во меѓународната соработка, Министерот најави зголемување на соработката по завршувањето на локалните избори во Република Македонија.

Sredba Dimitrov Butaris

 

Конзуларни услуги