Соопштенија

Денес по средбата, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и генералниот директор за европска соработка во МНР на Кралството Холандија, Матијс ван дер Плас, разменија подароци. Министерството за надворешни работи на Македонија од Холандија доби подарок - типичен холандски велосипед.

1

Во септември Европа ја одбележува неделата на мобилност, а со овој гест Димитров и Ван дер Плас испраќаат порака за подобрување на безбедноста и условите за возење велосипед во Скопје и останатите градови во Македонија.

2

Кралството Холандија и Македонија континуирано разменуваат искуства на ова поле, благодарение на традиционално богатата велосипедска култура во Холандија. Преку инвестирање во велосипедската инфраструктура се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот и директно се влијае врз обезбедување на почист воздух и поздрава животна средина за сите граѓани.

5

Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија преку својот пример и директна поддршка ќе продолжат да се залагаат за враќање на вело-културата во Македонија.

Конзуларни услуги