Соопштенија

На 14 септември 2017 година, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, во работна средба го прими Матиjс ван дер Плас, генерален директор за европска соработка во МНР на Кралството Холандија.


holandija

Министерот Димитров ја презентираше реформската агенда на Владата на Република Македонија, насочена кон враќање на европската и евроатлантската перспектива на земјата и нејзините граѓани. Во таа смисла, искажа благодарност за особено значајната холандска помош во спроведувањето на реформски процеси, неопходни за интегрирањето во ЕУ и НАТО.Министерот Димитров ја презентираше реформската агенда на Владата на Република Македонија, насочена кон враќање на европската и евроатлантската перспектива на земјата и нејзините граѓани. Во таа смисла, искажа благодарност за особено значајната холандска помош во спроведувањето на реформски процеси, неопходни за интегрирањето во ЕУ и НАТО.

Димитров изрази и задоволство од континуираниот и конструктивен политички дијалог меѓу двете министерства за надворешни работи, со очекување дека ваквиот тренд ќе продолжи, паралелно со дополнително збогатување на соработката во останатите области од заемен интерес.

Високиот холандски гостин ги поздрави досегашните реформски активности на Владата на Република Македонија, оценувајќи ги како силно охрабрувачки и потврдувајќи дека холандската поддршка на тој план ќе продолжи засилено да се манифестира во иднина. “Холандија беше и ќе биде голем пријател на Македонија“, истакна генералниот директор ван дер Плас.

Конзуларни услуги