Соопштенија

На 08.09.2017 г. делегација од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, предводена од Заменик министерката за надворешни работи на Република Македонија, Арта Точи, оствари посета на Темишвар-Романија. 


CIMG2811

Цел на посетата беше претставување на новоназначениот почесен конзул на Република Македонија, Павел Ернест Дупца пред окружните управи (џудеци) од неговото  конзуларно подрачје (Тимиш, Арад, Хунедоара, Караш-Северин, Горж, Мехединци и Долж), како и отварањето на Почесниот конзулат на Република Македонија во Темишвар.

При средбите со окружните управи (претседатели на совети, префекти, градоначалници и други претставници на локалнатa власт), беа разгледани можностите за унапредување на соработката, особено економската соработка, при што посебен акцент беше ставен на можностите за изнаоѓање модалитети за директно воспоставување комуникација помеѓу локалните власти, стопанските комори на Република Македонија со стопанските комори од конзуларното подрачје, како и економските субјекти од двете земји. Во таа насока, од страна на ЗМНР Точи како успешен модалитет за соработка ја предочи соработката на локално ниво преку проектот на збратимени градови, при што укажа на потребата  ПК Дупца да продолжи со  процесот  на  збратимување на градови.

ЗМНР Точи оствари средба и со Генералниот директор на Стопанската комора за трговија, индустрија и земјоделие на областа Тимиш, којa е вторa по економско значење во Романија (после Букурешт). Обострано беше потенцирана заинтересираноста за развојот и унапредувањето на економската соработка, но  како главни проблеми беа посочени недостатокот на директна транспортна врска меѓу Р.Македонија и Темишвар.

CIMG2813

Активностите завршија со организираниот прием од страна на ПК Дупца,  по повод националниот празник 8 септември и отворањето на Почесниот конзулат на Република Македонија во Темишвар.

CIMG2835

Конзуларни услуги