Соопштенија

Исполнетата дводневна агенда на МНР Никола Димитров во Лондон резултираше со позитивна порака на поддршка за реформските  процеси на Владата на Република Македонија.  Со потпишувањето на Заедничката изјава за партнерство и соработка меѓу двете земји,  Република Македонија ја потврдува својата определба за членство во НАТО и ЕУ.

Алан Данкан 1

Низ многубројните средби на македонската делегација  со значајни политички актери на Обединетото Кралство, Македонија доби признание за вистинската насока на земјата, меѓу кои министерот за Европа сер Алан Данкан, членовите на Комитетот за надворешни работи на Горниот дом на Парламентот, како и од  лабуристичкиот министер „во сенка“ за одбрана и надворешни работи и комонвелт, Фабиан Хамилтон.

Претседавач на Комитетот за меѓународни односи2c Лорд Хауел

Пораките од новата македонска позитивна приказна Министерот Димитров ги пренесе до британската и светската јавност и преку медиумите  (Ројтерс и Скај Њуз).  Истите беа споделени и препознаени од претставниците на дијаспората на Република Македонија во Обединетото Кралство, која имаше прилика да разговара со МНР Димитров на свечен прием организиран од македонската амбасада во Лондон по повод 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Фабијан Хамилтон

интервју sky news

 

 

 

Конзуларни услуги