Соопштенија

На 11 септември 2017 година, вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Белорусија во Република Македонија, со седиште во Белград, Валериј Бриљов, ги предаде копиите на акредитивните писма на заменик министерката за надворешни работи на Република Македонија, Арта Точи.

Predavanje akreditivi Belorusija 02

По предавањето на копиите на акредитивните писма, соговорниците меѓу друго, ги потенцираа заложбите за натамошен развој на меѓусебните односи на сите полиња од заемен интерес. Во тој контекст беше нагласена потребата од интензивирање на билатералните контакти и размена на посети во наредниот период.

Predavanje akreditivi Belorusija 01

Взаемно беше потенцирана заинтересираноста за зајакнување на економската соработка, зголемување на трговската размена и унапредување на договорната состојба.

Конзуларни услуги