Соопштенија

Заеминик министерката за надворешни работи на Република Македонија, Арта Точи денес ги прими копиите од акредитивните писма на  новоименуваната вонредна и ополномоштена нерезидентна амбасадорка на Република Перу во Р. Македонија, со седиште во Букурешт, Н.Е. Мариа Еухенија Ечеверија Херера (Maria Eugenia Echeveria Herrera).

Predavanje akreditivi Peru 02

Посакувајќи и срдечно добредојде во Македонија, заменик министерката Точи и’ посака успех во вршењето на оваа одговорна функција, изразувајќи очекување дека успешната соработка и позитивниот развоен тренд на билатералните односи помеѓу двете пријателски држави ќе продолжат и за време на нејзината дипломатска мисија.

 При разговорот, посебен акцент беше ставен на заемниот интерес за натамошно унапредување и подигнување на меѓусебната комуникација, преку размена на посети на високо ниво, како и на унапредувањето на билатералната соработка, особено во областа на економијата и образованието.

Конзуларни услуги