Интервјуа и говори

Интервју на МНР Никола Димитров за „Дојче Веле“
Датум: 7 септември 2017
Пермалинк http://p.dw.com/p/2jVAa

 

FullSizeRender 2

ДВ: Во студиото сме со Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров. Тој исто така беше и преговарач за тековниот спор околу името. Во моментов е во Берлин на разговори со германскиот МНР, Зигмар Габриел. Од неодамна учествувате во преговорите со вашиот грчки колега за спорот со името. Дали конечно ќе можете да го финализирате договорот?

Никола Димитров: За време на посетата на грчкиот министер Коѕијас, минатата среда во Скопје, ги дискутиравме мерките за градење доверба. Сè уште не ги започнавме преговорите. Тие ќе започнат дефинитивно пред крајот на годината. Јас го правам она што мислам дека треба да биде работана дипломатите: решавање на проблеми, отворање врати и создавање пријатели. Можеби не можеме да ја смениме историјата, но сигурно можеме да се обидеме да влијаеме на иднината и да го направиме животот подобар за нашите граѓани денес. Тоа е нашата цел.

ДВ: Да ја разгледаме изјавата што неодамна ја дадовте за време на состанокот со вашиот грчки колега, минатата недела. Да ја чуеме.

Никола Димитров: "Се надеваме дека Грција ќе ја препознае новата реалност во Македонија и нашата искрена желба за пријателство. Очекуваме и се надеваме на помош и поддршка за нашата европската интеграција ".

ДВ: Според ова, вие очекувате од Атина барем да престане да го блокира членството во ЕУ. Дали тоа значи дека сте подготвени на компромис за прашањето за името?

Никола Димитров: Во суштина, спорот околу името не треба да биде пречка за нашата интеграција. Имаме Привремен договор со Грција, која се согласи да не ја спречува нашата интеграција. Имаме пресуда од Меѓународниот суд на правдата. Но, нашата цел не е да обвинуваме. Веруваме дека ако треба да сме сојузници, бидејќи влегувањето во НАТО и во ЕУ значи дека ќе бидеме сојузници со Грција, тогаш сите недоразбирања треба да ги решаваме преку дијалог. Крајно време за регионот е да стане доволно храбар за да излезе од рововите на историјата и да се натпреварува во она што е навистина важно за граѓаните: подобра здравствена заштита, подобро образование и поголем просперитет. Ова е нашиот агол на гледање на работите.

ДВ: Што е со вашите аспирации за влез во ЕУ и НАТО. Колку е тоа важно за Македонија?

Никола Димитров: Тоа е апсолутен приоритет. Географски и’ припаѓаме на Европа, секако дека би сакале да бидеме дел од ЕУ и НАТО. Тоа е исклучително важна стратегија за нашата стабилност. Постојат прашања во регионот кои сè уште не се целосно решени и ние би сакале Македонија да ја извадиме од загатката на неизвесноста, а второ, би сакале да бидеме како повеќето од земјите-членки на ЕУ: да имаме демократско општество во кое владее правото. Само така може да се дојде до поголем просперитет. Затоа вистински се трудиме да ја отвориме вратата (кон ЕУ, НАТО, демократско општество) и да го заслужиме тоа (влез во ЕУ и НАТО и поголем просперитет).

ДВ: Вашата земја е директно погодена од приливот на бегалци во Европа во последните неколку години. Би сакал да разговарам за тоа подетално со вас. Илјадници имигранти останаа заробени на Балканската рута, во кампови за бегалци низ целиот Балкан, откако границите беа затворени. Голем број од овие кампови беа на вашите граници. Каде се тие бегалци денес?

Никола Димитров: Некои од нив беа распределени од Грција во други земји-членки. Мислам дека дефинитивно над 14.000 илјади луѓе. Некои од нив најдоа засолниште во Грција и мислам дека УНХЦР финансирана од Европската унија навистина (на)прави многу за да им помогне на овие луѓе во Грција.

ДВ: Сé уште слушаме приказни за луѓето кои се преземаат очајни мерки, за да дојдат до Западна Европа преку балканската рута, често со помош на оние кои се бават со трговија на луѓе. Што прави Македонија за да ги заштити тие луѓе?

Никола Димитров: Правиме се’ што можеме. Имаме активна полициска соработка со нашите соседи, вклучувајќи ја и Грција, како и со ЕУ. Она што е важно да се разбере е дека тие фотографии, тие видео инсерти, ја покажуваат исклучително тешката 2015 година. Само во февруари 2016 година имавме околу 60 000 луѓе кои доаѓаат во Грција преку Турција. Еден месец подоцна беше постигнат договорот помеѓу Турција и ЕУ. После тоа имавме помалку од 40.000 бегалци вкупно за целата година. Секако дека секој можеше да направи повеќе за нивнита ситуација, како мојата земја, така и Грција, а со тоа и Европа, а секако и целиот свет. Треба да ги научиме лекциите од сето тоа и треба да се фокусираме кон помагање на оние бегалци кои се во Турција. Договорот помеѓу Турција и ЕУ го сметам за многу важен. Исто така, многу е важно што можеме да направиме во однос на заштита на нашите граници. Но, мора да се има во предвид дека надворешната граница на ЕУ не е помеѓу Македонија и Грција, туку помеѓу Грција и Турција.

ДВ: Ја спомнавте важноста на договорот ЕУ-Турција. Во моментов се разоткриваат/разрешуваат односите меѓу ЕУ и Турција (по тоа прашање). Некои се прашуваат дали Балканската рута би можела повторно да се отвори, дека договорот ЕУ-Турција во основа значи бегалците да останат во Турција и спречување на нивното доаѓање (во ЕУ) преку Балканската рута. Дали очекувате повторно да се отвори Балканската рута?

Никола Димитров: Мислам дека треба да направиме се’ што е потребно за да остане затворенa, бидејќи сите ние, вклучувајќи ги и бегалците, имаме интерес за организирана помош и мораме да се бориме против илегалната миграција. Она што е навистина важно е ЕУ да продолжи да ја поддржува Турција во финансиска смисла, бидејќи имаат милиони бегалци во нивната земја. Подеднакво важно е да продолжиме да и’ помагаме на Грција и тоа на солидарен начин – единствениот начин на кој треба да се решава ова прашање.

ДВ: Ја спомнавте солидарноста. Највисокиот суд на ЕУ само што рече дека системот за квотата за дистрибуција на бегалците во Европа е валиден и може да се спроведе. Ако Македонија стане дел од Европската унија, дали ќе се согласи да ги прифати бегалците?

Никола Димитров: Пред сé, во интерес на македонските граѓани е Македонија да влезе во ЕУ, а кога еднаш ќе бидеме дел од ЕУ, тогаш дефинитивно ќе бидеме подготвени да го  делиме товарот со ЕУ.. Но, пред тоа треба да влеземе во ЕУ. (за да може да се даде одговор на ова прашање).

 

Конзуларни услуги