Интервјуа и говори

Интервју на МНР Никола Димитров за „BBC World Services“
Новинар: Ден Дејмон
Датум: 7 септември 2017
Линк: http://www.bbc.co.uk/programmes/w172vhzwwgmjykb (од  19’53’’):

BBC world service

Ден Дејмон: „Некои земји во моментов се во процес на обидување да му се приклучат на големиот европски проект. Зборував со МНР на РМ, Никола Димитров“.

Никола Димитров: „(ЕУ) е семејство на повеќе нации кои делат исти вредности: владеење на правото, концепт на добро управување (good governance) и слобода на медиумите. За нас ЕУ е она што би сакале да бидеме и како би сакале да функционираме. Генерално тоа се просперитетни нации, а ние веруваме дека просперитетот доаѓа со демократијата и владеењето на правото. Во периодот кога светот се повеќе се поврзува и испреплетува, или ако сакате – станува се помал; логично е сите ние (земјите кандидатки) да бидеме дел од ЕУ, доколку сакаме да останеме релевантни на глоабално ниво. Ниту еден од големите предизвици на глобално ниво (како што се климатските промени, тероризмот, стареењето на населението, мигрантската криза) не може да се реши на национално ниво од страна само на една нација. И во конкретниот контекст на Балканот, имаме само две сценарија: едното е европската агенда, каде границите не се толку важни бидејќи сите сме слични во однос на вредностите како се поставени нашите општества; другата опција е враќањето на дебатите за етникумите и границите и не мислам дека треба да одиме во таа насока (видовме што се случи во ’90-te, и покрај тоа што Македонија не беше дел од тие случувања). Затоа, треба да го искористиме европскиот процес во смисла на трансформирање на нашите општества за да станеме како земјите-членки. Би сакале да бидеме малку повеќе како некои од нив, помалку како другите, но не би ги именувал.

Ден Дејмон: „Што би можела Македонија да и дадена ЕУ всушност?“

Никола Димитров: „Најпрвин, новата одлучност (детерминираност) за да успееме, која беше родена низ искуството на преживување на криза и дава можност за Европа да каже дека можеби проширувањето навистина функционира.  Тоа може да ги трансформира општествата (на земјите кандидатки). И во времето кога на Европа и недостасува самодоверба, можеби ова е регионот каде што може да се направи вистинската разлика: да се покаже на самите себеси (ЕУ), но и на светот дека проширувањето може да решава проблеми и исто така да поттикне позитивна динамика. И токму таква е динамиката на Македонија денес: позитивна.

Ден Дејмон: „И како се одвиваат всушност преговорите за пристапување (кон ЕУ)?“

Никола Димитров: „ Веќе 12 години сме во чекалната. Македонија стана земја кандидат во 2005 година, така што ова е лекција што може да му се случи на регионот ако останеме на маргините на политичкото внимание, бидејќи географски ние не сме на маргините од Европа.“

Конзуларни услуги