Соопштенија

Министерството за надворешни работи на Република Македонија изразува жалење поради одлуката на грчкиот младински женски национален ракометен тим да го напушти теренот веднаш по започнувањето на натпреварот со македонската репрезентација во рамките на Европското ракометно женско младинско првенство што деновиве се одржува во Скопје. 

Министерството смета дека е пропуштена прекрасна прилика спортот да придонесе за зближување на младите спортистки и со тоа да се направи уште еден чекор кон јакнење на добрососедството и пријателството меѓу двете соседни и пријателски земји и народи.

Изразувајќи ја цврстата определба на новата македонска Влада за унапредување на односите и соработката со сите соседни земји на рамноправна основа, Министерството ја искажува својата увереност дека почитувањето на Времената спогодба и Меморандумот за практичните мерки од страна на двете земји е вистинскиот исчекор кон практикување на европските вредности во нашиот регион.

 

 

 

 

Конзуларни услуги