Соопштенија

 На 03.08.2017 заменик-министерот за надворешни работи на Република Македонија, Арта Точи, го прими Султан бин Саад Ал Мураики, Државен министер за надворешни работи на Државата Катар.

1a

 На средбата беа разгледани повеќе прашања од билатералните односи и соработката меѓу двете држави. Соговорниците изразија особено задоволство од досегашните билатерални односи и истакнаа дека е неопходно двете држави да работат врз натамошно нивно зајакнување, особено кон развојот на економската соработка, за што постојат објективни можности.

2a

 
Заменик-министерот Точи подвлече дека Република Македонија ги следи состојбите во регионот на Заливот и се надева дека преку конструктивен дијалог и на мирен начин Државата Катар и нејзините соседи ќе најдат излез од актуелната криза, со што ќе се намалат тензиите и обезбеди стабилност и безбедност во регионот.

 

Конзуларни услуги