Соопштенија

Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денес оствaри одделни средби со Филип Радуновиќ, раководител на проектот на отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа, поддржан од Германскиот институт за меѓународна соработка (ГИЗ); Крис Хеншoу, директор на Националниот демократски институт – Македонија и Симонида Кацарска, директор на Институтот за европска политика.

rsz 21

Министерот Димитров посочи дека реформската агенда на Владата, преточена во Планот 3-6-9 претставува манифестација на суштинското ветување за квалитативна трансформација и демократизација на македонското општество на патот кон ЕУ и НАТО. На тој пат ни e потребна поддршка и помош од различни пријатели. Министерот истакна дека без оглед дали станува збор за држави, невладини организации, институти или академски тела, и различната експертиза, ние ја цениме подадената рака. Наша работа е да работиме посветено на реформите и да обезбедиме и промовираме чистo демократско досие дома.

rsz 2

На средбите, исто така, беше потенцирана важноста од регионалната соработка во светло на европската интеграција. “Македонија живее нова реалност, а позитивниот наратив вреди да се преслика и во регионот. Во услови кога демократските вредности се загрозени на глобално ниво, убеден сум дека регионот, поддржан од нашите партнери од ЕУ, може да понуди разлика.”  – посочи министерот Димитров.

3

МНР Димитров беше запознаен со експертизата, проектната активност и иницијативите на одделните организации и притоа беа разгледани основите и модалитетите на идната соработка во различни области. Меѓу другото, стана збор за соработката на планот на европската интеграција, зајакнување на институционалните капацитети, промоцијата на надворешно-политичките приоритети меѓу експертската и општата јавност, како и за потребата од зајакната интеракција и дијалог меѓу владиниот и невладиниот сектор.

 

Конзуларни услуги