Соопштенија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денес оствари протоколарна средба со амбасадорот на Шведска, Матс Стaфансон.


sve1

Вреднувајќи ги билатералните односи помеѓу двете пријателски земји како исклучително добри, министерот Димитров изрази подготвеност за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог и соработка во областите за кои постои интерес од двете земји. Димитров посебно се осврна на реформските определби на новата македонска влада, која со отворен пристап е насочена кон градење праведно и инклузивно општество, со јасна европска и евроатлантска перспектива.

sve2

Амбасадорот Стaфансон ги поздрави активностите на Владата и истакна дека Шведска како и досега ќе продолжи принципиелно да го  поддржува реформскиот курс на Република Македонија и напорите за ревитализација на процесите за нејзина  европска интеграција.
Во таа насока се разговараше и околу можностите за интензивирање на меѓусебниот политички дијалог на високо ниво преку реализација на посети на двете страни.

 

 

 

 

Конзуларни услуги