Соопштенија

Денеска, (25 јули 2017 година) министерот за надворешни работи  на Република Македонија, Никола Димитров оствари официјална посета на Република Албанија, на покана на својот домаќин шефот на дипломатијата на Република Албанија,  Дитмир Бушати.

Dimitrov Bushati RA

На средбата, министрите разговараа за повеќе прашања од заеднички интерес, со акцент на интензивирање и зајакнување на политичката, економска и особено инфраструктурната и енергетската соработка. Воедно, министрите договорија оваа есен да се одржи прва заедничка владина седница помеѓу Македонија и Албанија, како и одржување на редовни политички консултации по прашања од билатерален и регионален интерес.

Dimitrov Bushati

Беше реафирмиран и заедничкиот интерес за унапредување на состојбите во регионот и регионалната соработка, во духот на европските и евроатлантски вредности. Се разговараше за можностите за реализација на заеднички проекти со користење на средства од ИПА фондовите, особено во контекст на унапредување на интерконективноста. Министрите ја нагласија потребата од изградба на Коридорот 8, како и железничката пруга Кичево-Охрид, со крак до Лин. Беше потврден заедничкиот интерес за поскоро профункионирање на Мешовитиот комитет за економска соработка.

PRESS RA

Delegacii RM RA

За важноста на посетата зборува фактот што, ова беше прва билатерална средба на Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, по неговата инаугурација на 24 јули 2017 година. На средбата со министерот Димитров, претседателот Мета истакна:„Стабилна Македонија значи стабилност и за Албанија, просперитетна Македонија значи и просперитетна Албанија“, претседателот додаде дека двете држави треба да работат заедно секаде, да покажат соработка и солидарност.

MNR Dimitrov PRA Meta

Конзуларни услуги