Надворешна политика

Соопштение од ДИК

Согласно Изборниот законик и Правилникот за подготовка,организирање и спроведување референдум на државно ниво,во овие дипломатско - конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии нема да се организира гласање на 29.09.2018 година за Референдумот 2018.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија континуирано работи на исполнување на највисоките приоритети во надворешната политика на државата, како што се полноправното членство во НАТО и добивањето и започнувањето преговори за членство во Европската унија. Се вложуваат напори за промоција на македонските економски интереси и за привлекување странски инвестиции во земјата, што се во согласност со стремежите на Владата на Република Македонија за обезбедување повисок стандард и благосостојба на своите граѓани. За таа цел, се превземаат активности за зајакнување на позицијата на Република Македонија во меѓународната заедница преку развивање на билатералните односи, добрососедските односи, регионалната соработка и соработката во мултилатералните организации.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија е посветено на континуираната изградба и обука на дипломатскиот кадар и на подобрувањето на техничките услови за функционирање и на Министерството и на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија, како неопходни предуслови за успешно постигнување на планираните цели, како што се натамошно унапредување на процесот на давање конзуларни услуги за македонските и за странските државјани, унапредување на статусот на македонските национални и јазични малцинства во светот и грижа за дијаспората.

Полноправното членство на Република Македонија во НАТО и во Европската унија, како и развојот и унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка, претставуваат стратегиски и долгорочни цели на надворешната политика на Република Македонија.

Конзуларни услуги