Македонија во светот

На 30 јуни во рамките на 4-тиот Медитерански културен фестивал во Костур, се одржа Балканска музичка вечер, на која беше претставен македонски и грчки традиционален мелос.


Kostur

Во организација на Генералниот конзулат од Солун и на покана од културното здружение ,,Чаршија“, од Република Македонија настапи составот ,,Милениум“ со 90-минутен репертоар на народна музика. Се очекува, дел од прибраните средства од овој настан, да бидат врачени на волонтерите за правата на децата ,,Келетрон-љубов за децата“ од Костур.

MONISTRA

Претходно, на 5-тиот Фестивал на мултијазичност на 31 мај во Солун, беше одржан полчасовен концерт на етно-бендот ,,Монистра“. Во оваа прилика, пред многубројната публика беа промовирани песни од најновиот албум ,,Киниса моме на вода“. Учеството на ,,Монистра“ на  фестивалот, каде нашата држава учествува неколку години по ред, беше најавено и со  нивно интервју на локалното радио.

Конзуларни услуги