Македонија во светот

На 20 јуни 2017 година во Виенскиот меѓународен центар се одржа настан на кој од страна на амбасадорите и др високи претставници на ООН и ОБСЕ, беше промовирана иницијативата “International Gender Champions – Vienna.” Настанот беше во организација на постојаните мисии на Коста Рика, САД и Словенија.

19550970 10211014977148967 869377227 n

Иницијативата има за цел креирање модел за лидерство кој ќе ги обединува жените и мажите во носењето на одлуки, со кој ќе се срушат родовите бариери. Истата е поддржана од Генрален Секретар на ОН, Антонио Гутиереш, Генералниот Директор на UNODC, Yury Fedotov, Генералниот Директор на IAEA, Yukiya Amano, Извршниот секретар на CTBTO, Lasina Zerbo и други еминентни личности. Иницијативата е истовремено активна во Виена, Њујорк и Женева, која ги доближува и обезбедува нова идеална платформа за заедничка акција за промовирање на родовата еднаквост .

За време на инагурацијата амбасадорот и Постојаниот Претставника на РМ при МО во Виена, Кире Илиоски ја поддржа иницјативата и беше промовиран за Gender Champion. Амбасадорот Илиоски во неговата изјава нагласи дека родовата рамноправност и зајакнувањето на позицијата на жените во општеството придонесува за мир, безбедност, развој и стабилност. Кога жените се ограничени да го достигнат својот целосен потенцијал, тој потенцијал се губи во општеството како целина.

Конзуларни услуги