Интервјуа и говори

Попоски во Рим на неформален состанок за Западен Балкан

Автор: Кристијана Мисори

24. мај 2017., 19:39

Ansa 1

(АНСА) - РИМ – „Никој не може да каже дали Македонија излезе од политичката криза“. Иако има предложен мандатар, Зоран Заев, лидер на социјалдемократите, „јавното мислење останува многу критично и не постои преголема доверба“. Промените на мнозинството Парламентот не значат „дека најлошото помина“. Тоа што е сигурно е „дека од стабилноста на Македонија зависи и стабилноста на нејзините соседи“. На покана на АНСА зборува македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, којшто се наоѓа во Рим за да учествува заедно со колегите од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија на неформалниот состанок со министерот Алфано во Вилата Мадама, пред самитот за Западен Балкан којшто ќе се одржи на 12 јули во Трст.

Пет месеци без влада, постојани протести на коишто на улица излегуваа околу 200 илјади луѓе и на 27. април резултираа со насилен упад на повеќемина протестанти во Парламентот предизвикаа стравување дека стрелките на часовникот на Балканот повторно би можеле да се вратат наназад. „Македонија – истакнува Попоски – политички и географски е во центарот на Балканот. Земјите во Регионот, се меѓусебно зависни и во безбедносен контекст. Што и да се случи во нашата земја, би можело да ги засегне и нив“.

Единствениот начин да бидеме заштитени од таа нестабилност „е да станеме членка на ЕУ“.

„Земјата“, нагласува Попоски, „има потреба од јасен сигнал од Брисел“.

И токму утре високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, ќе се сретне со шефовите на државите на земјите од Западен Балкан.

Скопје, уверува Попоски, е подготвено за големиот скок. „Реформскиот процес го започнавме одамна, во 2001. год, со потпишувањето на Договорот за Стабилизација и асоцијација. Во 2005. година добивме статус на земја-кандидат, но од 2009. година процесот на пристапување кон ЕУ беше блокиран поради ветото Грција во врска со разликата околу името“, констатира Попоски.

Ansa 2

Денес, како што забележува, односите меѓу Скопје и Атина се во голема мера подобрени.

Се чини јасно дека да се зборува за промени на границите, за „Голема Албанија“ или за нешто друго не води никаде, предупредува Попоски.

„Иако некои политичари флертуваа со таа идеја, мислам дека од промената на границите не може да произлезе ништо добро за жителите на Балканот“. Тоа што може да ги подобри „нашите животни стандарди е да станеме дел од Европа“.

Денеска Претседателот Иванов е во Русија, каде што ќе се сретне со Путин. „Иако имаме добри односи со Москва, нашето тежиште останува во ЕУ. Токму со земјите од Европската унија и со нашите соседи имаме најголема економска размена“".

Потребна е, како што вели тој, јасна перспектива за Балканот и неговата иднина во ЕУ. Освен тоа, главните држави од Берлинскиот процес (Германија, Австрија, Франција, Италија, Хрватска и Словенија и др.) можат да дадат силен импулс.

Односите со Италија се одлични.

„Рим по големина е нашиот шести трговски партнер. Но, италијанските компании сѐ уште се малку присутни“. Секторите во коишто може да се инвестира се храната, енергијата, животната средина, електрониката, фармацијата. (AНСА).

Конзуларни услуги