Македонија во светот

Република Македонија, и оваа година, учествуваше, со свој штанд и одделни поетски читања на меѓународниот Саем на книгата во Солун.  Имено, во организација на Генералниот Конзулат, од 11-14 мај, беa претставени стотина наслови на дела од современата македонска проза и поезија, како и драмски сценарија,  публицистички погледи и други текстови.

Saem na Kniga Solun 1

Паралелно, на 12 мај се одржa чествување на нашето современо литературно творештво: пред сѐ на делото на великанот на македонската книжевност Блаже Конески, како и на дел од прозното творештво на современиот автор Томислав Османли.

Чествувањето на Конески доаѓа во годината во која се наслојуваат повеќе јубилеи на класикот на нашата поезија и линвистичка наука, меѓудругото, 50 години откако беше избран за прв претседател на МАНУ.

Saem na Kniga Solun 2

На трибината ,,Блаже Конески: Везилка", насловена според антологиската поема, за неговиот лик и дело говорea истакнатиот грчки писател Костас Валетас и д-р Вера Стојчевска-Антиќ, додека на настанот „,Светилка за Ханука“, за јудео-балканските прози на Османли, се осврнаа поетот и издавач Јоргос Јанопулос и д-р Пол Хагуел, експерт и истражувач на темата.

Конзуларни услуги