Соопштенија

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски денес оствари средба со новоименуваниот шеф на Канцеларијата на НАТО во Република Македонија, Горазд Бартол.

Sredba Poposki Bartol

На средбата, МНР Попоски изрази задоволство од досегашната соработка помеѓу Канцеларијата на НАТО и институциите во Република Македонија, потенцирајќи ја важноста на континуираното присуство на НАТО во земјата и нивната партнерска улога при спроведувањето на националните безбедносни реформи.

Двајцата соговорници разменија мислења и за улогата на НАТО Алијансата во одржување на мирот и стабилноста во светот, особено во региони кои се соочени со безбедносни предизвици.

Министерот Попоски ја реафирмираше определбата на Владата на Република Македонија за што поскоро зачленување во НАТО, како еден од главните приоритети на надворешната политика на Република Македонија.

Конзуларни услуги