Соопштенија

Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во терористичкиот напад во Минхен, Сојузна Република Германија. Воедно, Министерството за надворешни работи ве известува дека е во постојан контакт со надлежните институции во Германија и до овој момент, нема информации за повредени и/или загинати македонски државјани.

За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Германија, молиме да се обратите на дежурните телефони во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во Германија и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Генерален конзулат на Република Македонија во Минхен, СР Германија
Лице за контакт: Блерта Сали
Мобилен телефон: +491 763 063 50 87
Адреса: Brienner Straße 56, 80333 München
Е-пошта: [email protected]

Амбасада на Република Македонија во Берлин, СР Германија
Мобилен телефон: +491 575 956 99 32
Адреса: Koenigsallee 2-4, 14193 Berlin
Е-пошта: [email protected]

Министерство за надворешни работи на Република Македонија
Лице за контакт: Никола Ѓорчев
Мобилен телефон: +38975 328 116
Тел: +389 2 3115 266 Факс: +389 2 3115 790
Е-пошта: infocentar24/[email protected]

За информации за медиуми и останати прашања, молиме да се обратите до нашиот сектор за односи со јавност.
Лице за контакт за односи со медиуми: Боро Мирчески
Телефон: +38978 572 039
Е-пошта: [email protected]

Исто така, информираме дека Министерството за внатрешни работи на Сојузна Република Германија отвори дежурен телефон на кој може да се пријават сите исчезнати лица, односно лица со кои своите блиски не можат во моментот да стапат во контакт.
Телефон: 0800 7766 350 (за повици само од СР Германија)

Конзуларни услуги