Соопштенија

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи денес оствари проштална средба со амбасадорот на Француската Република Лоренс Оер.

 

MNR Oer

На средбата беше изразено задоволството од нивото на соработка меѓу двете земји, при што од страна на министерот Попоски беше констатирано дека во наредниот период, фокусот на замените заложби и ангажмани за натамошно унапредување на македонско-француското партнерство треба да бидe ставен на продолжување на политичкиот дијалог, зајакнувањето на економската соработка и поттикнување на обемот на инвестициите, како и на промовирањето на заеднички меѓувладини проекти и иницијативи насочени кон европската иднина на Република Македонија.

Посакувајќи и натамошен успех во кариерата, министерот Попоски го изрази задоволството за личниот придонес и вклученост на амбасадорот Оер во продлабочувањето на македонско-француските односи за време на нејзиниот мандат.

 

Конзуларни услуги