Соопштенија

Заменик претседателот на Владата и Министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денес ги прими копиите од акредитивните писма од новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Соединетите Мексикански Држави за нашата држава, со седиште во Белград, Н.Е. Марко Антонио Гарсија Бланко.

Sredba Poposki Blanko

На средбата беше споделена желбата за интензивирање на соработката, со акцент на три полиња: проширување на договорната база, подготовка на политички консултации за регионални и мултилатерални теми и заеднички бизнис промоции на двете земји.

Конзуларни услуги