Соопштенија

Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, на проштална средба го прими амбасадорот на Италијанската Република во Република Македонија, Ернесто Масимино Белели.

 

белели проштална

На средбата беше потврден заемниот интерес за развој на севкупните односи меѓу двете земји, со нагласок на потенцијалот за нивно продлабочување и динамизирање.
Посакувајќи му натамошен успех во кариерата, министерот Попоски го изрази задоволството од досегашниот личен ангажман и активен придонес на амбасадорот Белели во унапредувањето на билатералната соработка меѓу двете држави.

Заблагодарувајќи се за приемот и соработката со македонските институции, пред се со Министерството за надворешни работи, италијанскиот амбасадор го пренесе уверувањето дека двете земји со несмалено темпо ќе градат блиски и пријателски односи и во иднина.

Конзуларни услуги