Соопштенија

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Италијанската Република во Република Македонија, Карло Ромео.

Poposki Karlo Romeo

На средбата беше нагласено задоволството од успешниот развој на билатералните односи меѓу Република Македонија и Италијанската Република, со нагласок на взаемните заложби за натамошно зацврстување на пријателските врски и интезивирање на еконимската соработка.

Министерот Попоски му посака успешна мисија на новиот италијански амбасадор и му се заблагодари за најавената помош од Италија за справување со последиците од поплавите.

Амбасадорот Ромео истакна дека Република Македонија секогаш ќе има искрен пријател од страна на Италија и поддржувач во евроатланските интеграции.

Соговорниците се согласија дека ќе продолжат во градењето блиски релации меѓу двете држави преку континуирано зајакнување на соработката.

Конзуларни услуги