Соопштенија

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денес оствари проштална средба со амбасадорот на Романија во Република Македонија Н.Е. Јустинијан Фокша.

 

романија1

За време на средбата, соговорниците изразија задоволство од нивото на соработка меѓу двете земји. Разговараа за билатералните односи кои се пријателски и без отворени прашања, а разменија и мислења за активностите реализирани за време на мандатот на амбасадорот Фокша, особено во рамките на регионалните иницијативи. Исто така, тема на разговор на средбата беше и поддршката на Романија на европскиот и евроатланскиот пат на Република Македонија.

Министерот Попоски му посака на амбасадорот Фокша успех во понатамошната кариера.

Конзуларни услуги